16 (непријатни) знаци дека раскинувањето било правилната одлука
9. Забележувате дека врските со пријателите и семејството се подобруваат и зајакнуваат.
10. Кога плачете за пропаднатата врска, чувствувате олеснување, а не очај и безнадежност.
11. Почнувате да пробувате нови нешта, и тоа нешта надвор од вашата удобна зона. Јасно ви е дека никогаш не би ги направиле овие работи ако сè уште бевте со таа личност.
12. Почнувате да учите работи за себе што не би ги научиле ако останевте во таа врска. Ви станува јасно дека не ви треба ничие признание освен вашето, а вашата самодоверба не престанува да расте.
13. Се осмелувате да си ги поставите важните непријатни прашања – Што ќе правам со кариерата? Дали ги надградувам моите знаења? Дали да се преселам во друг град?
14. Под целата болка и осаменост, длабоко во себе се чувствувате смирено. А, ова чувство станува посилно со секој изминат ден.
15. Без разлика колку изгубено се чувствувате во моментот, во вас уште постои надеж за подобро утре.
16. И покрај сите негативни чувства во моментот, знаете дека е подобро да го надминете ова и да станете посилни, отколку да се помиревте со врска која не функционира.
Спирова С. | Црнобело