16 (непријатни) знаци дека раскинувањето било правилната одлука

Иако звучи тажно, факт е дека некои врски мора да завршат со раскинување, но некогаш тоа е добар избор.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-01.jpg

Причини за разделба има безброј, но понекогаш, откако ќе ја донесете таа одлука, нормално е да се запрашате дали сте го направиле вистинскиот чекор. Почнувате да се сомневате дека сте изгубиле многу добра личност и се плашите дали повторно ќе најдете љубов.

Некогаш можеби раскинувањето било грешка, но ако ги забележите овие нешта, тогаш тоа дефинитивно бил вистинскиот избор:

1. Се чувствувате како одново да се запознавате и дури сега сфаќате дека никогаш не сте одвојувале време за себе.

2. Иако можеби ги мразите осамените денови и ноќи, сè почесто се чувствувате смирено. Веќе знаете дека кога ќе помине тагата ќе ви биде многу, многу подобро.

3. Ви недостасува личност со којашто можете да разговарате, но сфаќате дека не ви недостасуваат разговорите со бившиот.

4. Кога размислувате за иднината, можеби ви изгледа страшна, но барем не се чувствувате задушено.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-02.jpg

5. Конечно имате можност да сфатите што сакате. Со задоволство го минувате времето читајќи, гледајќи филмови што вам ви се интересни, излегувајќи на места каде што вие сакате … Среќни сте што повеќе не мора да правите компромиси за сè.

6. Иако сега сте навистина тажни, знаете дека набрзо ова чувство ќе помине и дека ќе бидете посреќни од кога било.

7. Кога болката од раскинувањето станува неподнослива, доволно е да помислите колку полошо би ви било ако сè уште бевте со таа личност. Истовремено, не ни помислувате на смирување.

8. Почнувате да се обидувате да уживате во вашето друштво и сами наоѓате начини да се расположите.

16-neprijatni-znaci-deka-raskinuvanjeto-bilo-pravilnata-odluka-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg