Емотивни исповеди: „Кога знаев дека е време да се разведам?“
Преку овие искрени исповеди ќе сфатите дека „секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
На Reddit осамна дебата на темата „Кога знаев дека мојот брак е готов?“...
Луѓе искрено откриваат во кој миг сфатиле дека е време да се разведат.
Дел од искрените исповеди:
„Сфатив дека е крај кога одев во подрумот преправајќи се дека работам нешто само за да се тргнам на страна од неа и да имам време сам за себе.“
„Кога имав сериозен здравствен проблем и лежев на подот во тоалетот. Тој беше на работа, но не ни помислив да му се јавам затоа што знаев дека нема да дојде. Во тој миг сфатив дека со нас е завршено.“
„Мојата сопруга сакаше да направиме пауза во бракот, па се отселив. Но, по неколку дена се вратив за да соберам неколку мои работи и најдов искористени кондоми во корпата за отпадоци. Искрено, таа ми направи услуга.“
„Кога ми дијагностицираа рак на градите и имав двојна масектомија. Докторот ми препорача 6 седмици да спијам во посебна спална соба за да закрепнам. По 6-те седмици, му кажав дека ќе се префрлам да спијам со него и тој ми кажа дека нема потреба затоа што не сум била жена повеќе. Само неколку години бевме во брак, но до тогаш немав сфатено со каков кретен сум се венчала.“
„Кога таа почна да вреска на нашиот 3-годишен син да замолчи сфатив дека е вистинско време да се разведам од неа. Можев да толерирам да ме злоупотребува мене, но не и него.“
„Стомакот ми се згрчи кога мојата најстара ќерка ме праша „Тато, зошто се мразите со мама?“. Не бев свесен дека нашите проблеми толку силно допирале до неа и не можев да дозволам да расте во дом со таква тензија.“
С. С. | Црнобело