„Бев во врска без секс со години и тоа ме скрши“
Се грижев дека повеќе не сум му привлечна, дека не ме сака или дека има друга.
Нашата врска беше готова, но јас останав уште долго време затоа што делевме дом, но во мене се всади некоја длабока тага. Особено кога моите пријатели зборуваа за нивниот активен сексуален живот станував свесна дека тоа што се случува во мојата врска не е нормално и дека мора да ставам крај.
Во последните две години од врската имавме секс двапати и секој пат ми олеснуваше кога завршувавме со чинот. Како да го правевме само за да кажеме дека сме го направиле и да не мора да го споменуваме тоа најмалку во наредите 6 месеци.
Конечно, по 5 години заедно раскинавме. Тој ме изневерувал со неколку жени од работа. За една од нив ме остави и 10 дена по крајот на нашата врска стапи во врска со неа.
Колку и да бев повредена работите имаа смисла. Се прашував зошто неговото либидо е ниско, дури му велев да оди на доктор (тој одби), но изгледа дека тој немал сексуална желба со мене и се задоволувал на друго место.
Долго време потоа бев скршена и убедена дека никој нема да ме сака никогаш повторно. Годините одбивање влијаеа на мојата самодоверба.
Но, две години подоцна сретнав некој и конечно сум среќна. Сепак, тоа што бев во врска без секс имаше долгорочен ефект врз мене и врз начинот на кој се гледам како сексуално суштество.
Се обидувам да си ја вратам самодовербата за да иницирам секс природно, без тоа да ме прави анксиозна. Учам да се сакам себе и да бидам спонтана.
Но, за среќа сум со партнер кој ме разбира и со кој можам отворено да разговарам. Со него имам природна интимност, а не исфорсирана, па така и сексот е многу подобар. Едноставно, постои сексуална поврзаност.
Со време работите сосема ќе се подобрат, знам затоа што сега сум со вистинскиот партнер кој ме поддржува.“
С. С. | Црнобело