„Зошто да се поправи нешто кога може да се замени со ново? – или зошто толку многу бракови завршуваат со развод?

Неколку месеци или малку години во брак и – повторно секој ѝ се враќа на својата слобода. Дали е навистина толку тешко денес да се одржи бракот повеќе од пет години?

Zosto-tolku-brakovi-zavrsuvaat-so-razvod-01.jpg

Всушност, сте се запрашале ли кои се причините поради кои разводите растат толку рапидно во последнава деценија?

Погрешни причини за брак

Во старите „добри“ времиња, паровите се венчавале поради многу други причини, а најмалку од љубов. Иако не звучи многу романтично, најчесто тие биле факторите кои влијаеле на успешноста на бракот.

Бидејќи жената и кариерата тогаш биле два неспојливи концепти, вообичаено било жените да бидат финансиски зависни од мажите. Во контекст на ова тие станувале мајки многу порано, за разлика од денес.

Со текот на времето работите многу се сменети. Жените денес се финансиски еднакви на мажите и од тие како и од многу други причини, тие подоцна се одлучуваат за мајчинство. Секако дека не се повикуваме на минатите времиња, но факт е дека финансиската зависност од мажот и децата се големи причини за одржување на еден брак.

Исто така, експертите велат дека една од најголемите причини за пократкиот брачен сојуз во денешно време е заедничкиот живот пред бракот. Некои истражувања покажале дека дури 70% од паровите живеат заедно пред бракот во денешно време, во споредба со само 5% од пред 50 години.

Не, секако дека нема ништо лошо во заедничкиот живот, но истражувањата покажуваат дека оние кои живееле заеднички живот пред бракот имаат дури 50% поголеми шанси за развод.

„Кога живеете заедно, бракот доаѓа како следниот логичен потег“, објаснуваат експертите. Паровите го делат не само живеалиштето, туку и банкарските сметки, заеми и слично. Нивните животи се толку меѓусебно испреплетени што се впуштаат во брак претежно заради практичност.

Потрага по совршен партнер

Современите стандарди во врска со партнерите растат и не се реални. Кога мислиме на сродна душа, ни паѓа на ум некој што би можел да ги задоволи сите наши емотивни, интелектуални и сексуални потреби.

Веруваме дека бракот со таква личност е клучот за трајна љубов. Но, вистината е сосема поинаква – секој од нас може да биде компатибилен со многу различни луѓе, без никој од нив да биде совршен.

„Кога го идеализираме партнерот, постои многу поголема можност да се разочараме отколку кога ќе ги видиме сите негови предности и недостатоци“, велат експертите.

„Медиумите, а најмногу социјалните мрежи придонесуваат за овој тренд на нереалност. Бомбардирани сме со слики од ексклузивни свадби на брачни парови, каде што сè изгледа совршено, а всушност оддава нездрава и нереална слика“.

Кога ќе се вратат во реалноста со прстен на раката, настапува моментот на будење и развод.

„Се чини дека се разви нова зависност, т.н. брачна зависност. Луѓето станаа зависни од возбудата што ја носи новата љубов, па кога ќе заврши ’дејството‘, тие почнуваат да бараат нов предизвик“, заклучуваат експертите.

Замена

Во денешното потрошувачко општество, ние сме креатори на тезата „Зошто да поправиме нешто кога може да го замениме со ново?“

Овој став важи и за бракот – зошто воопшто би се мачеле да ја поправиме лошата врска кога можеме едноставно да излеземе од неа и да влеземе во нова.

Денес бракот стана само една од точките на списокот на работи што „мора да ги направиме“, како што се добивањето на возачка дозвола или купувањето стан.

„На овој начин, бракот сè повеќе станува лично достигнување, а помалку партнерство“, велат психолозите.

Иронијата е во тоа што сопружниците чувствуваат дека даваат сè од себе, иако реалноста е сосема поинаква. Повеќето парови не знаат како да ги решат проблемите во бракот, затоа што премногу се грижат и се угледуваат на своите родители, пријатели и роднини.

И наместо да тргнат од прашањето „Што можеме да сториме за да ја поправиме врската?“, тие се фокусираат на недостатоците и грешките на другиот. Намалувањето на личната одговорност на овој начин го олеснува прекинот на бракот и напуштањето на партнерот.

За крај…

Статистиката покажува дека повеќе од 40% од браковите денес завршуваат со развод. За жал, повеќето современи парови гледаат на разводот како на прва опција или единствена опција на која може да се потпрат кога работите ќе тргнат во погрешна насока.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg