7 причини зошто да ја одбереш девојката со комплицирано минато
Нема да и бидеш прва љубов. Но, ако имаш среќа, ќе и бидеш последна. Таа веќе ги има искусено сите подеми и падови кои ѝ ги сервирала љубовта.
Поминала низ разни емоции кои ѝ ги прикажал животот.
Таа е вистински предизвик. Но, ако си доволно храбар, девојката со комплицирано минато може да биде најдоброто нешто што ти се случило.
Зошто?
1. Таа знае што сака.
Голема е веројатноста дека неколкупати се „изгорела“ во претходните врски. Можеби ѝ го скршиле срцето, или таа скршила неколку срца. Со секоја неуспешна врска станува свесна што е она што го сакаме и очекуваме од нашиот партнер во иднина.
2. Таа знае што е болка.
Знае дека може да боли до коска. И ќе се потруди да не ти го направи истото на тебе. Ќе биде нежна со твоето срце затоа што знае што значи да бидеш повреден.
3. Нема да ти го троши времето.
Знае дека времето е скапоцено и доколку нешто не е во ред, нема да одолговлекува. Нема да ти дава безброј шанси и да бидете на пауза.
Знае дека некогаш да се биде заедно подолго, може да биде поболно од раскинувањето.
4. Таа знае како да сака силно.
Кога ќе најде човек кој ја цени нејзината љубов, таа ќе го сака со секоја своја клетка. Таа знае да препознае кога има добар човек покрај себе.
5. Таа знае што заслужува.
Знае и очекува да биде третирана соодветно. И, да, нема да размислува да те напушти доколку ги преминеш границите. Ќе те предизвикува и ќе те направи подобар човек.
6. Таа е силна.
Кога нешто било скршено, се враќа уште посилно. Ова се случило и со девојката со комплицирано минато. Таа паднала и станала неколкупати, и секојпат се вратила посилна. Свесна е за своите предности и слабости и знае што поседува.
7. Таа е независна.
Знае што значи да зависиш од личноста покрај тебе и колку е големо разочарувањето кога ќе те остават. Таа е силна, нема да и требаш, но ќе те сака покрај себе.
Таа ќе направи да си ја заработиш нејзината доверба. Ќе те предизвикува и фрустрира. Но, штом успееш да го срушиш нејзиниот ѕид, ќе ја видиш нејзината прекрасна душа. Како кога се искачуваш на висока планина – штом стигнеш на врвот, ќе застанеш и ќе се воодушевуваш на убавините околу тебе. Нејзиното скршено срце во минатото ја претворило во прекрасна силна жена која сега стои покрај тебе. Таа е вистинска!
Извор / фото: depositphotos.com