12 знаци дека сте во стабилна врска која има потенцијал да трае засекогаш

Секако дека не постои гаранција, но некои знаци покажуваат дека врската има потенцијал да трае вечно, а вие засекогаш да останете среќни.

15-znaci-deka-ste-vo-stabilna-vrska-koja-ima-potencijal-da-trae-zasekogash-01.jpg

Токсичните врски се нешто што не смеете да си го дозволите – животот е премногу краток за да го губите на луѓе кои не ве заслужуваат.

Важно е да препознаете токсичен партнер, да заминете и да ја продолжите потрагата по вистинскиот.

Но, не е само љубовта клучна. Има уште многу други работи кои треба да ги поседувате за да имате стабилна врска.

А, ако веќе сте во сериозна врска, проверете дали истата е стабилна и вреди да инвестирате уште повеќе во неа.

Овa се дел од многуте знаци кои го откриваат тоа:

1. Двајцата гледате можност и потенцијал таму каде што другите гледаат предизвик и тешкотија.

2. Двајцата знаете дека немате на што да си завидувате и љубоморите. Не се натпреварувате, напротив, се охрабрувате еден со друг.

3. Не дозволувате да ве „гушат“ традиции и туѓи принципи, сами си ги создавате правилата и традициите.

4. Не дозволувате минатото да ви биде пречка и да ви ја одредува иднината.

5. Двајцата ја гледате љубовта околу вас во исти работи и се фокусирате на ваште интереси.

6. Двајцата се стремите кон вашите потреби во животот на долгорочен план и не стоите во место, сакате заеднички да напредувате и да не ви е монотоно секојдневието.

7. Двајцата помните, цените и искажувате внимание на малите работи во врската.

8. Двајцата знаете дека љубовта не е бајка, дека животот има подеми и падови, но не се откажувате и се поддржувате еден со друг.

9. Никој од вас не очекува другиот да биде читач на мисли, а знаете дека комуникацијата и отвореноста е клучна за да имате разбирање.

10. Двајцата го препознавате „пријателството“ во врската, односно искрениот и опуштен однос, можноста да разговарате на секоја тема и никогаш да не ви е здодевно сами ниту во друштво на други пријатели.

11. Двајцата повеќе цените квалитет од квантитет – важно ви е времето поминато заедно да биде за вас, а не за телефоните, социјалните мрежи и работата.

12. Двајцата не дозволувате никој да ви се меша во врската, се ставате меѓусебно пред сите останати, важни ви се заемните мислења и не сакате никој да ви влијае на заедничкиот живот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg