10 знаци дека треба да му ставите крај на пријателството со бившиот
Постојано зборувате за вашата врска
Ако со бившиот постојано зборувате за тоа каква била вашата врска, веројатно не сте подготвени да продолжите понатаму како пријатели. Би требало да се фокусирате на сегашноста и на тоа што ви е случува сега, па ако постојано се навраќате на она што било, можеби пријателството со него не е најдобриот избор.
Пријателите ви велат дека грешите
Вашите пријатели сигурно ви го мислат најдоброто, па ако ви велат дека пријателството со бившиот ви штети, размислете за тоа. Сигурно ви го кажуваат ова со причина.
Бившиот прави шеги за смирување
Понекогаш е тешко да одредите дали бившиот уште има чувства кон вас, но ако се шегува за тоа како би изгледало да се смирите, веројатно уште сака да биде со вас.
И во овој случај најдобро ставете му крај на пријателството за да не го повредите.
Сте раскинале поради ненадминливи разлики помеѓу вас
Ако сте раскинале бидејќи сте имале премногу несогласувања, најдобро заборавете на пријателство. Овие разлики ќе постојат и откако ќе раскинете и ако сте пријатели, сигурно ќе ви пречат.
Сте раскинале поради неверство
Ако бившиот ве изневерил или навистина ве повредил многу, немојте да се обидувате да бидете пријател со него. Штом не ве почитувал кога сте биле пар, веројатно нема да ве почитува и како пријател.
Спирова С. | Црнобело