10 знаци дека треба да му ставите крај на пријателството со бившиот
Многу луѓе остануваат пријатели со бившите партнери и нема ништо лошо во тоа. Но пред да се одлучите на ова, мора да земете предвид некои работи.
Ако, на пример, сè уште сте вљубени во бившиот, факт е дека ова пријателство само ќе ве повреди.
Погледнете кои се знаците дека можеби треба да му ставите крај на пријателството со бившиот:
Едниот од вас сè уште има чувства кон другиот
Можеби ова изгледа очигледно, но многу често не е. Неретко после раскинување едниот од партнерите уште има чувства за другиот. Можеби вие сметате дека ако не сте функционирале како пар, можно е да бидете пријатели. Но, ако имате чувства кон бившиот, ова пријателство само ќе ве измачува.
Едниот од вас не ги почитува границите
Кога се обидувате да останете во добри односи со бившиот, мора да поставите некои граници, особено ако сте во нова врска. На пример, можеби нема да сакате да минувате време насамо, нема да сакате да зборувате за минатото и слично. Ако бившиот не ги почитува овие граници, пријателството со него само ќе ви предизвика проблеми.
Сè уште флертувате еден со друг
Ако уште флертувате со бившиот, тогаш дефинитивно не го гледате само како пријател. Важи и обратното – ако бившиот продолжува да флертува со вас, сигурно сака нешто повеќе од пријателство.
Сте раскинале неодамна
Раскинувањата се болни, без разлика која била причината за разделбата. Затоа, најдобро е да си дадете време да ја преболите врската пред да се обидете да станете пријатели со бившиот.
На вашиот сегашен партнер му пречи тоа пријателство
Можеби ќе помислите дека ова покажува дека партнерот не ви верува. Но, ставете се на негово место - како би се чувствувале вие ако тој е добар пријател со негов бивш партнер што вам ви пречи?
Во овој случај размислете дали вреди да ја жртвувате врската за пријателство со бившиот.