Најголеми стравови кај мажите

najgolemi-stravuvanja-kaj-mazite-povekjeДодека жените непотребно се оптоваруваат со бројни комплекси поврзани со нивното тело, целулит и вишокот килограми, ни мажите не се подобри...


...особено кога станува збор за нивната сексуалност. И мажите чувствуваат несигурност во кревет.

Не се работи за нивниот изглед, големината на стомакот или висината, туку за способноста да ја задоволат партнерката. Стручњаците предупредуваат дека сето тоа има врска со неискуството и несигурноста.

Ова се четирите најголеми стравови со кои мажите се борат:

najgolemi-stravuvanja-kaj-mazite

1. Споредување. Дали сум подобар од другите? Тоа е прашањето за чиј одговор мажите секојдневно трагаат. Иако натпреварувањето им е во гените, важно е да знаат дека заљубената жена не размислува на тој начин, водењето љубов кај неа зависи од чувствата и страстите. Техниката се совладува, особено ако партнерите се во подолга врска.

2. Љубомора. Она што секој маж би требало да го знае е дека неговата партнерка имала живот и пред него. Љубомората на бившите сексуални партнери е многу честа, но навистина неоправдана и непотребна.

3. Доминација. Повеќето мажи сметаат дека тие би требало да ја водат играта. Но, ако навистина сакате да уживате во страстите, дозволете и на партнерката да ви покаже што знае и да ве изненади со интересни работи кои ќе ве доведат до врвот на страста.

4. Големината. Вечниот комплекс на скоро секој маж е всушност, големината на нивната гордост. Вечниот натпревар и споредување почнува уште на училиште и продолжува во текот на целиот живот. Но, големината не е гаранција за уживање. Распрашајте се за бројните техники на заведување и будење на страста за кои вашата партнерка ќе ви биде благодарна.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg