6 карактеристики на жените кои мажите никогаш не ги оставаат
Какви жени сакаат мажите и кои нивни карактеристики и навики прават никогаш да не бидат оставени и заменети?
Секако, секоја жена е посебна сама по себе и заслужува да биде сакана, но важно е да биде своја, независна и да има уште неколку карактеристики за ниту еден маж да не почувствува потреба за нешто поразлично.
Жените кои знаат што сакаат, имаат цврсти ставови и се независни се силни и моќни жени кои ниту една друга не може да ги замени.
Овие 6 карактеристики ги имаат жените кои ниту еден маж не би посакал да ги остави:
1. Имаат свој став и мислење, јасно го искажуваат, но на културен начин, полн со почит кон другата личност.
2. Си ги признаваат грешките и се трудат да не ги повторат.
3. Бараат помош кога им е потребна наместо да глумат семоќни и дека не им треба маж или кој било друг во животот.
4. Знаат добро да менаџирааат со пари, не трошат прекумерно и непотребно, знаат да управуваат со буџетот, а имаат и чувство за претприемништво.
5. Ги споделуваат чувствата наместо да глумат ладни, арогантни и недостижни и уживаат во интимните моменти кои и сами ги иницираат.
6. Си ја ценат својата слобода, а истата му ја даваат и на партнерот, но без одење во крајни граници.
М. М. | Црнобело