7 знаци дека сте во квалитетна врска која треба да ја чувате
Имате свој живот и независни сте, свесни сте дека да се биде во врска не значи да се биде залепен за некого.
Дали на моменти се прашувате дали вашата врска е доволно добра? Дали понекогаш се колебате дали вреди да се борите за неа?
Знаци дека имате квалитетна врска, која треба да ја чувате:
- Имате одлична искрена комуникација и свесни сте дека за танго се потребни двајца.
- Ранливи сте еден пред друг и можете комплетно да си ја разголите душата.
- Вашата врска се базира на тимска работа и баланс.
- Си помагате еден на друг да растете и знаете дека да се биде дел од здрава врска, не значи да се изгубиш себеси.
- Не играте игри, планирате заедничка иднина и можете да се замислите само заедно.
- Успевате да ги надминете несогласувањата и кавгите, не дозволувате конфликтот да се претвори во навредување еден на друг.
- Имате свој живот и независни сте, свесни сте дека да се биде во врска не значи да се биде залепен за некого.
С. С. | Црнобело