„Маж ми работи премногу, почнав ризична афера со негов пријател“
Исповед на 39-годишна жена...
„Мојот сопруг поминува премногу време работејќи и не ми обрнува воопшто внимание.
Знам дека е погрешно, но случајно завршив во кревет со негов пријател. Се родија емоции, станавме зависни еден од друг.
Знам дека е погрешно, но сексот е толку добар што не сакам да сопрам.
Во брак сум 8 години, имаме два мали сина, но мојот сопруг вози камион и постојано е далеку од дома. Го нема со седмици и навистина ми е тешко сама.
Да, заработува многу, но јас ги воспитувам и растам нашите деца сама. Често сум многу осамена и тажна.
Имавме неколку големи кавги на темата, но на крајот од нив секогаш чувствувам како јас да сум виновната и како тој да е тој што се жртвува за семејството.
Искрено го презирам него и целата слобода што ја има, додека мојот живот е диктиран од децата.
Така на една ретка ноќ излезена во град на пијалак сретнав еден негов пријател. И тој е оженет и незадоволен од својот брак.
Почнавме да разговараме и одлично си поминавме. Мора да признаам јас го поканив дома за да испиеме уште некој пијалак.
Беше толку убаво што некој маж конечно ми обрнуваше внимание. Завршивме во кревет и оттогаш имаме ризична афера.
Но, го сакам сопругот и не сакам да го изгубам. Го сакам таткото на моите деца, но зависна сум од мојот љубовник и страста со него.
Мора да донесам одлука и да се држам до неа. Животот е тежок на моменти и тешко е да се направи баланс помеѓу финансиите и семејството.
Сепак, отворено ќе му кажам на сопругот дека поважно ми е неговото присуство во мојот и во животот на моите деца отколку парите. Ќе го потсетам дека некому дома недостига и ќе ставам крај на мојата луда афера.“
С. С. | Црнобело