Ако сте нервозни во кревет...
Либидото е подложно на промени, лесно се разнишува, а дали ќе функционира хармонично зависи од многу фактори – физички, емоционални, ментални и духовни.
На мажите им се чини дека жените многу често измислуваат неверојатни причини за да избегнат секс. Не им се причинува, во право се. Многу често се случува мажите да се во право, но постои и по некоја разумна причина за гасење на сексуалната желба на партнерката.
Тие понекогаш се очигледни, а понекогаш не, но тоа не значи дека се вистинити. Списокот на најчестите виновници за гаснење на сексуалната желба го предводи стресот, но тука се и проблемите во врската, децата, некое заболување, или воопшто губитокот на силата.
Покрај стресот, самодовербата најмногу влијае на здравиот сексуален живот. Намалувањето на вербата во сопствените способности (било да се деловни, или оние поврзани за кревет), потоа незадоволството од сопствениот изглед, или прекумерна тежина се на врвот од скалата која ги нарушува односите со партнерот.
Тоа се оние жени кои секогаш го гаснат светлото и никој пат не сакаат да се соблечат пред мажот. Некогаш е потребно многу време да се наговори партнерката да се соблече пред мажот, а во таа ситуација најдобро е тој да и каже дека изгледа убаво и дека е вредна за внимание.
Тој треба да ја потсети на сите оние работи кои ги сака кај неа и на неа, но при тоа да не ги потенцира нејзините интелектуални способности, туку акцент да им даде на нејзиното тело и физичкиот изглед.
Се разбира, не треба да ја лаже, туку навистина да ги пронајде оние делови од нејзиното тело кое најмногу му се допаѓаат. Во спротивно, ако на дама со големи колкови и речат дека е складно градена, ефектот ќе биде спротивен.
Значи, мажи, водете сметка – без лажни комплименти!