7 потреби кои ги има секој маж од својата сопруга
Почит – ова е основно нешто, и додека на жените им е поважна љубовта, на мажите им е почитта.
Што сакаат и очекуваат мажите од своите сопруги?
Долгогодишениот брачен советник Рон Едмондсон открива какви потреби имаат мажите во бракот.
Потреби кои ги има секој маж од својата сопруга:
Почит – ова е основно нешто, и додека на жените им е поважна љубовта, на мажите им е почитта.
Воодушевување - мажите сакаат да се чувствуваат посакувано и сакаат да им се оддаде признание за направеното.
Мир и смиреност – сакаат нивниот дом да биде мирно место каде ќе се одморат и подготват за светот.
Преданост – сакаат да бидат на прво место и да чувствуваат дека никој не може да им го заземе.
Прифаќање – сакаат да бидат прифатени такви какви што се и да не се под константен притисок да се променат.
Водење – сакаат да имаат чувство дека тие се водичи во нивните домови, сакаат жените да им дадат признание дека тие знаат да управуваат со кормилото.
Емоционален вентил – сакаат некој што ќе ја смири паниката затоа што не знаат како да функционираат кога емоциите се разгорени.
С. С. | Црнобело / Фото: deposithotos.com