10 рани знаци како да го познаете мажот кој нема да ве воодушеви во кревет
Има некои работи по кои се разликуваат добрите од лошите мажи во кревет, а ако сакате да откриете во која група спаѓа, а да не биде предоцна, обрнете внимание на 10 негови постапки и однесувања.
Мажот кој нема да ве воодушеви во кревет, најчесто…
- Нема добра смисла за хумор. Односно, нема никаква смисла за хумор.
- Не ве допира спонтано додека разговарате.
- Има прилично многу нарцисоидни изјави на сопствена сметка.
- Отворено, дури и преотворено, разговара и раскажува за своите секс авантури.
- Дрзок е и нељубезен со луѓето, посебно со келнерите кои го служат.
- Јаде многу брзо, не ужива во храната и пијалаците.
- Постојано се жали од нешто.
- Не е подготвен да си го промени мислењето, доколку не е во право.
- Постојано нешто бара од другите луѓе, а не е подготвен да возврати.
- Има сексистички изјави.
М. Д. | Црнобело