„Сопругата ме зема здраво за готово, може да ја оставам за жена што ја запознав онлајн“
Исповед на 41-годишен маж заглавен во несреќен брак...
„Мојата сопруга ме зема здраво за готово и во искушение сум да ја оставам за жена која ја запознав онлајн и со која разговарам до доцна во ноќите.
Таа навистина ме разбира и навистина е заинтересирана да слушне што имам да кажам. Го цени моето мислење, забавна е, атрактивна и чувствувам дека се грижи за мене.
Имам 41 година и 2 деца. Дома веќе подолго време ме третираат како парче од мебелот. Никој не ме цени, особено жена ми.
Едноставно како воопшто да не е заинтересирана за мене.
Не сакам да ги повредам, но кога ќе погледнам наназад со години јас не сум среќен. На моменти се прашувам што направив со мојот живот.
Не знам каде работите тргнаа во погрешна насока во мојот брак. Потфрливме со комуникацијата. Престанавме да споделуваме работи. Престанавме да си даваме комплименти. Престанавме да се цениме еден со друг.
Сфаќам дека сонувањето да оставам сѐ и да заминам со некоја непозната жена не е одговорот. Затоа уште еднаш ќе му дадам шанса на бракот, ќе разговарам отворено со сопругата, но ако не најдеме решение ќе си заминам.
Навистина не сум подготвен да го минам несреќен и остатокот од животот.“
С. С. | Црнобело