15 брутално искрени и болни вистини за љубовта
Ако наидете на луда личност, избегајте веднаш, без разлика колку добро изгледа и колку е жежок сексот со неа.
Во љубовта за жал не е сѐ пеперутки... Постои и една поинаква страна.
Брутално искрени и болни вистини за љубовта:
- Најтажно во една врска е кога една личност се гледа со друга само затоа што ѝ се допаѓа на таа личност и мисли дека е време да се смири.
- Крајот на врската не прави емоциите магично да исчезнат.
- Љубовта не значи дека секогаш ќе се согласувате за сѐ и нема да имате кавги.
- Вашиот партнер некогаш во животот може да го привлече некоја друга личност, но сѐ додека ве почитува и не прави ништо на страна не треба да се чувствувате заплашено.
- Без разлика колку сте интелигентни и рационални, сѐ заминува во неповрат кога ќе се вљубите во некого, тогаш започнува ирационалното однесување и правењето глупави работи.
- Љубовта е избор кој го правиме секој ден, не е следење на пеперутки – тие доаѓаат и си заминуваат.
- Само затоа што сакате некого не постои гаранција дека и тој некој некогаш ќе ве сака вас.
- Секогаш ќе имате двоумења во љубовта, тоа е неизбежно.
- Ако наидете на луда личност, избегајте веднаш, без разлика колку добро изгледа и колку е жежок сексот со неа.
- Ако за некого не мислите ентузијастично „Да, сакам да бидам со оваа личност“, тогаш кажете ѝ „не“ на таа врска.
- Никогаш ама апсолутно никогаш не бркајте некого, ако таа личност не покажува интерес за вас, не можете да ја натерате на сила, ниту една стратегија нема да ви помогне.
- Рутината е непријател број еден на долгите врски и браковите, мора да бидете активни во одржувањето на љубовта.
- Апсолутна невистина е фразата „Љубовта е сѐ што ви е потребно“, во врската има многу повеќе од само емоции.
- Некои луѓе се прекрасни во фазата на меден месец, а потоа доаѓа до израз нивното вистинско „јас“.
- Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека партнерот нема да ве изневери и не постои ништо што можете да го направите како превенција тоа да се случи.
С. С. | Црнобело