„Мојот свршеник воопшто не се интересира за организацијата на нашата свадба“

mojot-svrshenik-voopshto-ne-se-interesira-za-organizacijata-na-nashata-svadba-01.jpg

Исповед на 28-годишна девојка...

„Со свршеникот моравме да ја откажеме свадбата поради ситуацијата со короната и сега не можеме да се согласиме во врска со ништо околу планирањето на церемонијата во наредната година.

Ниту првиот пат, ниту сега воопшто не се интересира да биде дел од подготовките. Свадбата како настан не го цени и единствено што го интересираше е дали од хотелот ќе ни го вратат капарот.

Дава иритантни коментари од типот: „Зошто да даваме толку пари за декорација со цвеќе кога и онака ќе заврши во кантата за отпадоци?“

Го сакам, но не ми се допаѓа ниту евтиниот безличен свршенички прстен што ми го купи.

Навистина за ништо не се труди, а мене свадбата ми е многу значаен животен настан.

Дури сега при организацијата на свадбата сфатив дека имаме различни вредности за некои работи. Можеби ова ми е добра лекција дека основата на брачниот живот всушност ќе биде правењето на компромиси.

Планирам да престанам да се нервирам и организацијата на свадбата комплетно да ја преземам во мои раце. Него само ќе го известувам што и како. Па, здравје кога ќе купуваме стан тој нека биде поактивен.

Ќе почнеме со делење на предбрачните обврски исто како што во иднина ќе треба да ги делиме и брачните. Се надевам ова ќе биде функционално за двајцата.

Не можам повеќе да го туркам и да губам нерви за тој да мрдне со прст за нашата свадба.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg