„Мојот партнер го достигнува врвот многу брзо, јас никогаш не можам да доживеам оргазам“
Исповед на 29-годишна девојка...
„Мојот партнер свршува многу брзо и никогаш не успевам да доживеам оргазам со него. Заедно сме 3 години и имаме активен сексуален живот, но чинот трае прекусо.
Имаме предигра, но тој никогаш не се вложува многу во неа, а и самата пенетрација можам да ја мерам во секунди што би се рекло.
Му имам споменато, но чувствителен е на темата и реагира навистина лошо.
На страна од тоа, имаме прекрасна врска и навистина се сакаме. Разговаравме и да се венчаме и да основаме семејство. Но, почнува да ми станува проблем што не гледам никакво подобрување на ситуацијата.
Неговата изведба останува иста, иако често имаме секс.
Навистина сум разочарана.
Ова е сериозен проблем на долг рок и мора отворено да разговараме. Ако немаме отворена комуникација за овој проблем, тогаш во животот нема да можеме да имате отворена комуникација и за други проблеми.
Понекогаш сметам дека е навистина себичен. Па, ако не може при чинот, може барем да се потруди при предиграта и да се обиде да ме задоволи на тој начин.
Сексуално сум исфрустрирана, а тој е глув за моите потреби.
Дали сум подготвена да се задоволам со мрзелив и себичен љубовник до крајот на животот?
Искрено, мислам дека не сум...“
С. С. | Црнобело