Чиј треба да е првиот чекор?

koj-da-go-napravi-prviot-cekor-povekjeТој ја гледа неа. Таа го гледа него. Двајцата се заинтересирани. Кој да го направи првиот чекор? Поточно, кој треба да го направи првиот чекор?

 

Вообичаено е тоа да биде машкото.

koj-da-go-napravi-prviot-cekor-1

Мажите знаат дека тоа е вообичаено и жените знаат дека е тоа вообичаено, па затоа и чекаат. Меѓутоа првиот чекор понекогаш изистанува, а со него и можноста за контакт.

Останува прашањето: дали тој навистина бил заинтересиран? Дали можеби сепак таа требала да му пријде? Дилеми, дилеми...

Има жени на кои им е тешко да поверуваат во тоа дека колку и да се сметаат мажите агресивни и тие можат да бидат несигурни, особено во денешно време кога жените се сè поагресивни и се пробиваат во она што традиционално се сметало за машка работа.

Секако, сè уште има мажи кои не сакаат жената да го направи првиот чекор, сакаат таа да им даде сигнал дека е заинтересирана, но сепак да се знае дека тие го водат главниот збор.

koj-da-go-napravi-prviot-cekor-2Сепак сè повеќе има мажи кои сакаат жената да биде таа што ќе им пријде, дури и ако не се навикнати на такво нешто. Дури и кога е вообичаено тие да се оние кои први приоѓаат, може да им се допадне промената.

Може да им се допадне тоа што жената знае што сака и не се срами тоа и да го побара. На крајот од краиштата, ако не се заинтересирани, можат и да одбијат.

Всушност, правило е дека нема правило. Генерално зависи од тоа каков партер/партнерка сакате.

Доколку сакате да доминирате во врската или д асте рамноправни со партнерот/партнерката, нема причина да не го направите првиот чекор (било да сте машко или женско).

Ако личноста на која сте и пришле е непријатно изненадена со вашата постапка  -  веднаш ќе знаете дали е таа личност за вас.

Доколку сте некој кој сака да биде под влијание на доминантна личност, ако ви е полесно „да не го водите главниот збор“, тогаш сигурно е подобро вие да не го правите првиот чекор - подобро е само да изразите заинтересираност и да почекате да ви пријдат (ова важи за двата пола).

Би можело да ве интересира:

Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg