Женски интимни исповеди: „Најдобрите делови од сексот не се поврзани со пенетрацијата“
„Изненадувачки, но најмногу ме возбудува кога знам дека партнерот ме посакува толку многу што губи контрола. Его? Знам!“
Многу од мажите мислат дека сексот се сведува само на пенетрација, но жените откриваат дека најчесто нивните омилени делови од сексот не се поврзани со пенетрацијата.
Само 18% од жените велат дека можат да постигнат оргазам само со пенетрација.
Исповеди на жени што им носи најголемо задоволство во креветот:
„За мене најсекси е чувството на адреналин при исчекувањето дека нешто треба да се случи, особено со нов партнер. Нежното ставање на неговата рака на мојата нога за првпат ми е највозбудливо.“
„Ме возбудуваат допирите, на пример кога партнерот ќе ме стегне цврсто околу половината.“
„Обожавам стимулација на брадавиците, грицкање по вратот... Тоа ме прави екстра чувствителна.“
„Оралниот секс ме задоволува повеќе од пенетрацијата. Обожавам нежно лижење на клиторисот.“
„Искрено ме возбудува кога бакнеж трае малку подолго од вообичаено.“
„Сѐ останато како бакнување по телото, допири, задевање ме возбудува многу повеќе од самата пенетрација. Сакам и плескање по задникот.“