„Имав секс со сопругот секој ден цел месец“ - што се случи?
Исповед на 47-годишната Кристин Е. која си поставила предизвик со сопругот да има секс секој ден цел месец...
„Ајде да се соочиме со реалноста – сексот е првата работа која исчезнува во долгите врски. Сѐ започнува со огномети и фаза на меден месец, но некаде помеѓу плаќањето на сметките и кавгите кој да го фрли ѓубрето и да ги измие чиниите, правењето ручек и дремењето на Фејсбук, сексот полека исчезнува од листата на дневни приоритети.
Но, што ако не исчезне? Што ако не дозволиме да се случи тоа и во него вложиме посветеност како што правиме во тоа секој ден да се појавиме на работа во точно одредено време или пак секој ден да направиме ручек?
Дали интимноста ќе нѐ зближи? Дали огнот ќе се разгори одново? Или сексот ќе биде рутина и ќе нѐ оптоварува како обврската да измиеме заби?
Јас сум во брак 20 години и откако пред 6 години ми беше дијагностициран рак на градата сфатив дека сакам да им кажувам „да“ на повеќе работи во животот, а тоа значеше и кажување „да“ на сексот.
Па, така и покрај третманите кои ги минав за мојата болест, си дозволив себеси да се чувствувам секси и да го сакам своето тело за сите добри работи кои ги прави за мене секој ден.
Сексот беше добар во нашиот брак, но одлучив да поставам предизвик да имаме секс секој ден цел месец. Не беше тешко да го правиме тоа постојано.
Имаме приватна градина, па под тушот, па во автомобилот - бевме креативни. Имаше и денови кога ќе се сетевме: „Леле, заборавивме да имаме секс денес, ајде да побрзаме да го направиме тоа“. Такви денови се случија само неколку пати.
И искрено можам да кажам дека од 30 дена секс во месецот, 25 беа навистина одлични, а само 5 пати го правевме тоа само затоа што моравме поради предизвикот.
Но, искрено ова беше најдобрата работа што му се случила на нашиот брак. Тоа му ја даде потребната доза забава и позитива. На двајцата ни беше интересно и се радувавме на тоа.
Дефинитивно нѐ поврза на едно подлабоко и поинтимно ниво. И има низа придобивки од доживувањето на оргазми секој ден. Мојата кожа почна да сјае, умот ми стана пофокусиран, а мојот сопругот на работа имаше месец со најдобри постигнати резултати.“
С. С. | Црнобело