„Девојка ми ме откачи затоа што бев бесен што мажи ѝ ставаат лајкови на сликите“
Искрена исповед на 31-годишен маж кој имал љубоморни испади и ја изгубил својата девојка...
„Девојка ми ме откачи затоа што бев љубоморен и бесен што други мажи ѝ ставаа лајкови на фотографиите што ги објавуваше на Фејсбук и Инстаграм.
Бевме заедно една година, таа има 29, а јас 31 година. Многу е атрактивна и со типот на фотографии што ги објавува редовно го привлекува вниманието на спротивниот пол. Секогаш е секси облечена и во провокативни пози.
Мислам дека во ред е тоа да го прави кога е сингл, но зошто сака да го привлекува вниманието на други мажи кога веќе е во врска со мене?
Таа велеше дека ѝ кога ѝ пишуваат кажува дека има момче и не разговара со никој, но јас не сум сигурен. Знам дека овие момци сакаат нешто повеќе од неа. Ја гледаат на поинаков начин.
Не можев да се помирам со тоа и тоа доведе до крај на нашата врска.
Но, сега сфаќам дека таа само уживаше во вниманието, тоа ѝ беше потребно за зголемување на нејзината самодоверба, но реално никогаш не ме изневери.
Очигледно ја оптоварував со постојаните замерки. Дури сега сфаќам колку бев љубоморен непотребно.
Ја гушев неа, а и себеси се тормозев студирајќи го секој лајк од секој маж што ќе го добиеше. Веднаш си правев црни сценарија во главата.
Дефинитивно ѝ ја скратував слободата, а таа беше таква каква што е. Иста како и на почетокот од нашата врска. Бев свесен со каква девојка стапувам во врска, зошто потоа сакав да ја изменам?
Друг пат болна љубомора? Не, благодарам!“
С. С. | Црнобело