4 митови за сексот во кои треба да престанете да верувате

Факт е дека митови за сексот има безброј, а проблемот е тоа што многу од нив можат сериозно да ви наштетат.

4-mitovi-za-seksot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

Сексуално преносливите болести и несаканата бременост се најголемите ризици кога станува збор за секс, па би требало да знаете како правилно да се заштитите и од двете.

Погледнете ги митовите за сексот во кои треба да престанете да верувате:

Антибиотиците го намалуваат дејството на контрацепциските пилули

Точно е дека некои лекови го намалуваат дејството на други. Истото важи и за алкохолот. Но, овие пилули се сметаат за едно од најделотворните средства за контрацепција – тие штитат од бременост во 98% од случаите. Важно е да се напомене дека не постои средство за контрацепција што е 100% сигурно.

Истовремено, досега не е забележан случај каде што антибиотиците го намалиле дејството на овие пилули.

Не можете да забремените за време на менструација

Веројатноста да останете бремени за време на менструација е многу мала, но сепак постои.

Кога жената има менструација, нејзината матка не може да ја прими оплодената јајце клетка. Но, сперматозоидите можат да „преживеат“ во женското тело неколку денови, па ако овулирате веднаш после менструацијата, се создава можност за бременост.

Жените обично овулираат во 14-тиот ден од циклусот, но никогаш не можете да бидете сигурни дека тоа нема да се случи многу порано. Затоа, бидете внимателни и за време на менструација.

4-mitovi-za-seksot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.jpg

Менопаузата го намалува либидото

Спротивно на верувањето, жените на оваа возраст се сексуално активни, па дури и повеќе уживаат во сексот отколку во младоста.

После менопаузата, жените повеќе не мора да се грижат за несакана бременост и многу полесно се опуштаат.

Во периодот дури телото да се адаптира на менопаузата, хормоните можат да имаат влијание врз либидото, но хормоните влијаат и врз либидото на жените во плодните години.

Сексуалниот живот на жените не зависи само од нивните хормони и само затоа што една жена е во менопауза, не значи дека не сака секс.

Хименот е знак за „невиност“

Ова е вистина, но не во сите случаи. Многу жени воопшто не крвават после првиот сексуален однос – кај некои од нив хименот е толку еластичен, што „се кине“ дури за време на породување.

Истовремено, некои интензивни физички активности, како гимнастика, можат да го „скинат“ хименот уште пред жената да има сексуални односи. Секако, ова се ретки ситуации, но постојат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg