„Имам само 19 години, а веќе спиев со многу мажи“
Ви пренесуваме исповед на 19-годишна девојка, која испраќа силна порака:
„Имам само 19 години. Првиот секс го имав на 15 години. Досега имам спиено со многу мажи.
Моите родители дома константно се караа и немаа време за мене. Потоа татко ми се отсели, а мајка ми веднаш си најде ново момче.
Очајно ми беше потребно внимание и бев жедна некој да ми даде љубов.
Мислев дека тоа ќе го пронајдам ако спијам со момче од мојот клас. Ми беше добро искуство, но наскоро тој ме откачи.
Потоа, мислев дека треба да најдам некој постар од мене и почнав да флертувам со најдобриот другар на мојот брат.
Спиев и со него, но повторно се чувствував празно. Продолжив со истите потези и секојпат се надевав дека ќе пронајдам некој што ќе сака да остане со мене, но едноставно никогаш не најдов. Секогаш си заминуваа.
Почнав да чувствувам дека нешто правам погрешно. Се затворив дома и размислував за мојот живот.
Се прашував зошто секогаш завршувам сама. Кога почнав да бројам со колку мажи сум спиела се чувствував засрамено од себе и очајно посакував да го вратам часовникот назад.
Се прашував зошто ниту еден од овие мажи не ме сфати сериозно.
Ако им кажев дека сакам да помине некое време за добро да се запознаеме пред да имаме секс, веднаш престануваа да комуницираат со мене.
Не знам како да постапам, но знам дека сум на место на кое не сакам да бидам.
Затоа сега го преземам својот живот во свои раце и подобро да бидам сама отколку интимно да се зближувам со мажи за кои сум само минлива и безначајна. Повеќе не сакам да бидам нечија бројка.
Мило ми е што конечно сфатив колку вредам. Среќна сум што сѐ уште не е премногу доцна, млада сум.
Сега сфаќам дека проблемот е што од дома не примав доволно љубов и ја барав некаде надвор. Сега ќе зборувам отворено со моето семејство за тоа и повеќе ќе се потпирам на пријателите, па и тие се извор на љубов, зарем не?
Ќе сопрам со кратките афери, за да почнам повторно да се сакам себеси.
Ќе го тргнам фокусот од мажите и ќе се натерам да запомнам дека главниот фокус сум јас.“
С. С. | Црнобело