12 мали работи кои изгледаат како љубов, но всушност се манипулација
Ви предложува работи „за ваше добро“, кои гледате дека навистина не се за ваше добро.
Некои слатки потези од вашиот партнер не секогаш значат љубов, тие понекогаш се чиста манипулација и затоа треба да бидете внимателни за да ги препознаете.
Машки потези кои не се љубов, туку се манипулација:
- Сака да ве проверува константно – само што се разделивте, а веќе ви се јавува и ви пишува.
- Го користи често изговорот „... но, јас те сакам“.
- Не може да живее без вас и дека би умрел ако го оставите – не, ова не е романтика.
- Вели дека вие сте целиот негов свет и изгледа како да е навистина така – тој не прави ништо друго.
- Постојано се „грижи“ за вас и се лути ако не му одговорите веднаш на порака и ве врти против блиски луѓе затоа што тие наводно сакаат да ви наштетат.
- Штотуку започнавте врска, а тој веќе ви говори за основање на семејство заедно.
- Постојано ви дава комплименти во претерана доза – ова веќе не е ласкање, туку тајна алатка за манипулација.
- Ви кажува кога сте испиле премногу и ви е доволно или кога не сте се облекле соодветно.
- Ви кажува колку сте подобри од неговите бивши и притоа ги навредува и омаловажува нив.
- Ве нарекува „глупави“ на момент и се преправа дека се шегува, но всушност сака во вашиот ум да почнете да верувате во тоа.
- Ви предложува работи „за ваше добро“, кои гледате дека навистина не се за ваше добро.
- По кавгите станува супер сладок.
С. С. | Црнобело