9 причини зошто на силните жени им е тешко да пронајдат партнер
Силните и независни жени често завршуваат со маж – дете, односно недоволно созреан маж за кој треба да се грижат.
Вие сте забавна, силна и паметна жена, па зошто тогаш не можете да пронајдете партнер? Токму поради сето тоа!
Причини зошто на силните жени им е тешко да пронајдат партнер:
- Мажите се преплашени од нив и од нивната независност.
- Силните жени од далеку намирисуваат кога некој маж е проблематичен и не е за нив, па така изборот во старт многу им се стеснува.
- Толку си се самодоволни што дури немаат потреба да пронајдат некој и мажите ги читаат ваквите сигнали.
- Храброст да им пристапат на силните жени имаат само мажи кои им се драстично под нивото.
- Уште на почетокот од состанувањето силните жени ги гледаат црвените сигнали и бегаат.
- Силните жени се плашат да дадат шанса затоа што не сакаат да губат време и енергија залудно.
- Силните и независни жени често завршуваат со маж – дете, односно недоволно созреан маж за кој треба да се грижат.
- Силните жени често завршуваат со маж – проект, односно маж кој треба да биде „поправен“ и ова секогаш има катастрофални резултати.
- Имаат превисоки критериуми кои мора да ги спуштат, затоа што во љубовта е потребна хемија, а не список.
С. С. | Црнобело