Љубов во брак (2)
Многу парови чии бракови се во криза се прашуваат што е тоа што им недостига за да нивната врска биде стабилна. Во секој случај, без разлика на...
...споредните проблеми, основниот недостаток секогаш е недостиг на комуникација помеѓу партнерите.
Многу бракови пропаѓаат поради постојано префрлање, отворени препирки или прикриени подлости. Затоа брачните партнери не смеат да заборават да разговараат, за тоа мора секогаш да најдат доволно сила и време.
Често се случува партнерите да се разделат затоа што не се водат само со чувствата туку и со материјалното. Баш поради тие причини денес се почесто се потпишуваат предбрачни договори, кои станаа нормална работа.
Така се отклонуваат бариерите за развод. Заедничкиот имот ги зголемува изгледите за развод. За да видите како ќе функционирате во брак, пред да се изговори судбоносното „да“, тестирајте ја својата љубов.
Заедничкиот живот пред брак ја зголемува жансата за успешен брак, но пресудно е и колку време партнерите живееле заедно пред да се одлучат на судбоносниот чекор. Дури по пробниот период од најмалку три години се намалува веројатноста дека подоцна може да дојде до развод.
Во првите години на заедничко живеење сексуалната компонента на врската е многу силна и преовладува во односот на меѓусебните разлики. Кога страста ќе почне да слабее, а искуството покажува дека порано или подоцна тоа секому му се случува, партнерите почнуваат пореално да се однесуваат.
Поради тоа паровите што ќе запловат во брачните води во триесетите години имаат повеќе шанси да опстанат отколку оние кои заедничката иднина ја започнале во дваесетите.
Секако и заедничките деца го намалуваат ризикот од развод. Средината во која го започнувате брачниот живот исто така има влијание – тие што живеат во град се поподложни на развод, за разлика од паровите кои што живеат во помали средини.