Што кријат жените од мажите?
Кога партнерката ќе ве погледне во очи и ќе ви рече дека ве сака, вие секако и верувате. Мажите се сигурни дека ги познаваат своите девојки или...
...жени, но кај нив секогаш постои личност која љубовморно ја чуваат и кријат дури и од својот партнер.
Им ги откриваме на мажите нивните најдлабоки тајни, нивните скриени фантазии и копнежи кои никогаш не би ги споделиле со нив.
1. Нејзината најдобра пријателка знае сè, ама баш сè. Од банкарската сметка до големината на половиот орган.
2. Самиот поглед на вашите раце може да ја возбуди.
3. Кога некаде ќе отпатуваш, ја носи твојата омилена маица, бидејќи мириса на тебе.
4. Никогаш нема да ти каже со колку мажи спиела.
5. Можеби и не се допаѓа твојот најдобар пријател, но мечтае за секс со него. Не затоа што го посакува, туку затоа што сака дел од личноста која тебе ти е така блиска.
6. И понатаму размислува за бившите дечковци и ги споредува со тебе. Во повеќе случаи ти победуваш. Некогаш и не.
7. Ги изгуглала/побарала на фејсбук сите твои бивши девојки.
8. Кога ќе се заљуби, во потполност го губи апетитот.
9. Кога ќе сака да ја прекине врската, сите нејзини пријатели ќе знаат пред тебе.
10. Сигурно ги открила сите фиоки каде што чуваш порнографски материјал, па мисли дека работите што те палат се смешни.
11. Кога ќе каже „подготвена сум“, тоа значи дека и требаат уште седум минути да се подготви. Немојте да го залажувате системот така што ќе се појавите седум минути подоцна, сепак ќе и треба повеќе време.
12. Поради тебе се има расплакано повеќе пати отколку што ќе дознаеш.
13. Опседната е со тоа кога повторно ќе и се јавиш.
14. Понекогаш сака да зборува валкано.
15. На почетокот од вашата врска ги има сочувано сите говорни пораки и маилови. Ги чита и ги слуша постојано, во друштво на пријателките или сама.
16. Постојано те тестира. Те набљудува, анализира и ја оценува секоја ситуација, збор, гест, е–маил и израз на лицето.
17. Постојано и треба знак дека ти е потребна.
18. Сака понекогаш да си љубоморен.
19. Дури и кога инсистира да ја плати вечерата, или со тебе да ги подели трошоците, мисли дека не треба тоа да и го дозволиш.
20. Сака да имаш контрола во креветот. Иако има успешна кариера и финансиска независност и понатаму сака да ја доведеш до кревет и да ја земеш без прашање.