Љубов во брак
Трајна формула за среќен и долговечен брак досега никој не успеал да најде, но едно е сигурно – искрениот разговор и взаемното разбирање се...
...одлични состојки на рецептот за успешен брачен живот.
Покрај љубовта, важно е партнерите да негуваат заеднички страсти кон некое хоби. Активното учествување во животот на брачниот другар е важно за успечен емотивен однос.
Затоа оние парови кои имаат заедничка љубов кон...да речеме собирањето на стари пари или градинарство, се среќни. Исто така, стекнувањето на заедничко искуство и взаемната желбата за среќна иднина на сопствените деца се темел на успешниот брак.
Кои ситуации најчесто водат кон развод?
Пред се неверството – тоа е најчеста причина за развод. Многу е важно брачните обврски да се сфатат сериозно. Но живееме во опкружување кое ја потенцира промената на работата, куќата, пријателите па и брачните партнери.
Друга работа која предизвикува раздор се парите. Правилното распоредување на парите во домот е клуч за успешен брак. Паровите треба или заедно да се грижат за домашниот буџет или пак одговорноста да ја превземе оној што има повеќе смисол за финансии.
Доколку едниот заработува, а другиот троши без контрола, немислејќи на домашните расходи, бракот сигурно, порано или подоцна ќе се распадне.
Потоа на сцена стапуваат роднините и пријателите. Кога брачните партнери имаат проблеми, треба самите да ги решаваат или да побараат стручна помош, а не да бараат помош од пријатели и роднини. Тоа може да биде меч со две острици, бидејќи човечката завист често пати може да направи хаос во веќе проблематичниот брак.
На крај, тука е грижата околу децата. На децата им се потребни правила додека не научат да водат сметка за себе. Кога едниот родител постојано дозволува да се кршат правилата, доаѓа до кавга помеѓу сопружниците. Родителите би требало да се договорат како ќе ги воспитуваат децата и потоа сложно да ги следат тие правила.