6 искрени женски исповеди „зошто го изневерив сопругот“

Некои жени што направиле неверство велат дека тоа е нивната најголема грешка, додека други дека тоа направило семејниот живот да им процвета. Прочитајте ги овие искрени исповеди…

6-zhenski-iskreni-ispovedi-zoshto-go-izneveriv-soprugot-01.jpg

За жал, неверствата се случуваат во многу врски и бракови.

Жени анонимно проговорија на тема „зошто го изневерив сопругот“:

„Тоа беше одамна, поточно пред 6 години. Само што се земавме, а мене ме обзеде некое чувство дека не сум пробала сè и дека не сум доживеала доволно во животот. Чувствував како да се ограничив со стапувањето во брак, па на една забава, без малку пијана, еден странец миг се додворуваше и си помислив зошто да не. Имавме секс во тоалетот од локалот. Навистина беше некомфорно и подоцна се каев зошто го сторив тоа.“

„Сè уште многу се каам за неверството. Сопругот и јас имавме криза, односите ни станаа студени, двајцата живеевме свои животи … Имав добар пријател, за кого знаев дека е вљубен во мене. Тој ме поддржуваше во сè, ми кажуваше колку сум прекрасна и паметна и колку мојот сопруг е среќен што ме има, но не е свесен за тоа. Искрено, се стопив од овие комплименти и сè се случи ненадејно. Но, чувствував дека направив нешто погрешно. Потоа се смирив со сопругот, но изгубив еден пријател.“

„Мислам дека речиси секому му се случува некогаш да изневери. Не гледам како тоа би влијаело на мојот однос со сопругот. Сето тоа ми е еден паралелен свет. Се случи спонтано со еден колега од канцеларија кога се занесовме од страста. Имав неверојатен наплив на адреналин, но генерално мислам дека тоа само направи да бидам подобра мајка и сопруга.“

„Знаев дека сопругот ме изневерува. Тој всушност не ни криеше многу да бидам искрена. Седнавме и разговаравме да се обидеме да имаме отворен брак, наместо да се разведеме. Откако го направивме тој договор, сите бевме посреќни. Нашиот семеен живот процвета.“

„Нема ништо полошо од неверство. Го направив тоа еднаш и го чував долго време во себе, но не мачеше неверојатна грижа на совест. Навистина немаше потреба да пуштам странец во мојот интимен круг. Неверството никогаш не поминува без последици. Разговарав отворено со сопругот и премногу време и енергија потоа ми беше потребно за да го вратам нашиот брак на вистинскиот пат.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg