„Маж ми е драстично постар од мене. Сите ме прашуваат дали ми е татко“

mazh-mi-e-drastichno-postar-od-mene-site-me-prashuvaat-dali-mi-e-tatko-01.jpg

Модерното општество е навистина толерантно, па така не е чудно да видиме парови и со по 15/20 години разлика.

Но, со какви ситуации се соочуваат тие?

Искрена исповед на една девојка, што има многу постар партнер, кружи на интернет:

„Неодамна, седев во ходникот на една болница и мрзеливо ги вртев страниците на еден магазин, чекајќи ги вестите. Докторката го кажа моето име, кренав рака и таа ме праша: „Дали пациентот е твој …?“ СОПРУГ, одговорив затоа што знаев дека ќе ме праша дали ми е татко.

10 години претходно не ни можев да замислам дека ќе се омажам за маж кој може да ми биде татко, без разлика дали тој изгледа младешки за свои години или не. Но, уште тогаш знаев дека врските со толкава разлика во години најчесто се осудени на пропаст.

Но, зошто девојките избираат такви мажи за сопрузи? Популарната теорија дека тоа го прават за пари не важи во мојот случај. Три години сме во брак, а сè уште возам 15 години стар автомобил. Да, мојот сопруг не е сиромашен, но ги инвестира сите негови пари во развој на бизнисот и јас не седам дома, туку работам исто колку и тој.

Исто така, претпоставката дека жените бираат многу постари мажи затоа што врската со татко им не им функционирала е погрешна за мене. Мојот татко е жив, здрав и присутен во мојот живот, подеднакво како и мајка ми.

За мене изгледа најверојатна е онаа теорија дека жените бараат маж кој на некој начин е сличен на нивниот татко, затоа што тоа им е симбол за сигурност, заштита и за личност која ќе направи сè за да ги исполни моите желби.

На почетокот, мојот сегашен сопруг Евгениј беше мој работодавец. Се запознавме пред 8 години кога работев како келнерка и студирав новинарство. Знаев дека тој е сопственик на еден медиум и во една пригода ми кажа дека некогаш би сакал да работам кај него.

Во моментот немаше слободни работни места кај него, но по една година ми понуди работа. Со текот на времето станавме пријатели, ми се допаѓаше што сака животни и сака со автомобил да патува и да истражува некои мали зафрлени гратчиња. Некаде помеѓу пишувањето на статии и одењето на ручек со чаша вино по работното време, нашата романса почна.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg