Малку поинакви заповеди (2)

malku-poinakvi-zapovedi-2-povekjeДоколку сè уште не го имате прочитано првиот дел „Малку поинакви заповеди“, направете го тоа тука. За останатите, следуваат преостанатите пет заповеди...

 

malku-poinakvi-zapovedi-2

Немој да се обидуваш да ме измениш. Кој досега не ги искусил ваквите планови на својата подобра половина? Се чини дека тоа е задолжителен додаток на секој однос. Меѓутоа, се поправаат домашни апарати, а не луѓе.

Ако пиел како смок кога сте го запознале, немојте да очекувате дека бракот, стамбените кредити и трите деца ќе го натераат помалку да пие.

Доколку таа сакала мотори и тетоважи, немојте да очекувате дека ќе стане смирена женичка кога ќе ја запознае вашата фамилија.

Немој да ме бламираш (срамиш). Дали некогаш сте ја напуштиле забавата вртејќи со главата, бидејќи вашиот партнер направил нешто навистина глупаво? Да речеме, изведувал стриптиз на маса или се исповратил на шанк?

Очигледно тоа се екстремни примери, но знаете впрочем за што зборуваме (оваа заповед во суштина е најтешко да се почитува – повеќето непријатни моменти се случајни).

Не заборавај на нашите моменти. Што е врската посериозна, оваа заповед е поважна. Не сакате прекорно да ве прашаат „Помниш ли кога прв пат се бакнавме?“ или „Кога прв пат отидовме на вечера?“.

Ако исполнувањето на овие заповеди ви изгледа комплицирано имаме решение. Забавувајте се само со личност која има роденден на ист датум со вас и тоа идеално би било ако датумот е 31, декември.

Така никогаш нема да и го заборавите роденденот. Добро е ако сите поважни моменти се случуваат околу Нова година – првиот состанок, првиот бакнеж...

Што има поубаво од новогодишна венчавка? И онака давате подароци, па нема да ви замерат ао заборавите важен датум. Како што гледате, ова е ефикасно.

Немој да ме удираш. Цврсто веруваме дека, кога мажот ќе подигне рака на својата девојка, нешто одвратно треба да му се истури на глава и да го тресне така што забите да му се залепат за чевлите.

Има случаи во кои момчето е удрено од својата девојка – и тоа е грозно. Меѓутоа, момците се некако предодредени за насилство и бес. Ако некогаш некому сте му истуриле пијалок во бар, ќе знаете за што зборуваме. Од друга страна, морате сериозно, навистина сериозно, да изнервирате жена за да таа почне да удира.

Немој да ме изневеруваш. Точка. Ако ви е потребна промена, едноставно раскинете. Сочувајте го взаемното достоинство.

Бидејќи ова не го пишува старец со брада, немојте да очекувате овие заповеди да ги врежеме во камен. Значи, отпечатете ги, научете ги, сакајте ги и живејте ги.

Доколку знаете некои други, споделете ги со нас.

Би можело да ве интересира:

Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg