Сексуалноста на мажите 2
Според многу истражувања кои се водени за мажите, нивното однесување е во нивната психологија. Периодот околу 27 година на животот е крстосница...
...во свеста на повеќето мажи. Кога во тој период ќе најдат „добар плен“, доаѓаат во конфликтна состојба.
Не сакаат да ја изгубат добрата жена кој е подготвена да остане покрај нив, но не сакаат ни да ги изгубат сите други опции кои им ги пружа животот.
Тоа е време кога имаат реален став кон врските, време ког бараат еднаквост и рамнотежа. За среќа денешните мажи повеќе не мора толку многу да се трудат за да имаат секс, па не мораат постојано да бидат на линијата на фронтот – шармирај, заведи и освои.
На оваа возраст мажот во голема мерка го има изградено својот сексуален идентитет, па тој во доцните дваесетти прави се жената и нејзиното задоволство да бидат на прво место кога ќе дојде до акција.
Секако од партнерката бара да има: ставови, идеи, кариера и живот. Смирувањето со една жена им се чини како добра идеа – поголемиот број нивни пријатели тогаш ужива во блегодетите на постојаната врска.
Како што поминува времето, со почетокот на триесетите, социјалниот живот не е повеќе така бурен, а кругот на пријатели се стеснува. Мажите се смируваат бидејќи до тогаш имале доволно време и слобода да создадат кариера и да уживаат во своите сништа.
Ова е можеби идеално време за женење – доволно се искусни, а не се „истрошени“, но се разбира никогаш не се сигурни кога е вистинското време за брак.
Во секој случај, периодот на раните триесети е време кога покажуваат зрелост за пружање на вистинска романса. Свесни се за своите години, како и за помладата конкуренција па затоа и повеќе се трудат околу жените.
А кога станува збор за сексуалниот потенцијал, зрелиот маж знае дека законот на љубовното умеење е квалитетот, а не квантитетот.