Сексуалноста на мажите

seksualnosta-na-mazite-povekjeКај мажите годините се показател на развојот – емоционалниот, менталниот и физичкиот. Особините на мажот може да се издвојат и по...

 

...старосни групи кои можат да послужат како клуч за разоткривање на односот кон жените.

Тоа не значи дека на основа на таа типизација можат да се откријат очекувањата на мажите, но берем малку се фрла светлина на структурата на однесувањето на мажите во дадени ситуации и на одредена возраст.

seksualnosta-na-mazite

Секако, сè почнува со годините на двоумење – во раните дваесети, кога мажите се наоѓаат во период на транзиција, лесно и страсно се заљубуваат, а уште полесно се одљубуваат.

Тоа е период кога телото сака да открие сè, а умот тежнее кон слобода и независност. Мажот не е созреан за врски и не може да ги изрази своите чувства. Тоа е возраст кога сеуште не сакаат да се откажат од сите згодни девојки кои постојат „само за да ги запознаат“.

Кога ќе се случи првата постојана врска, таа девојка ја поставуваат на пиедестал и за неа се подготвени да сторат баш сè. Тоа е фаза кога мислат дека им се исполниле сите сништа, па тоа и го потврдуваат со своето однесување, кон првата сериозна девојка однесувајќи се како со кралица.

Бидејќи тогаш се наоѓаат во пролетта на својата сексуалност, често се подготвени на сексуални испади. Сексот е начин да ја покажат својата длабока поврзаност со партнерката. Водењето љубов два пати на исто место и на ист начин, на таа возраст, не е прифатливо.

Што се однесува до поврзаноста, на таа возраст, таа се покажува на различни начини: романтична вечера, но и излегувања со машко друштво кое вклучува и носење на девојката.

Со тоа се задоволува потребата да се задоволи уживањето во светот на врсниците, но се потврдува и важноста на мислењето кое пријателите го имаат за девојката која прв пат ја донесле во друштво. Што ќе речат тие за неа е исто така важно колку и тоа што ќе го каже таа за нив.

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg