Заповеди на спалната соба (2)
Некои правила околу уредувањето и однесувањето во спалната соба никогаш не се менуваат. Играјте си со стилот крај, но кога ќе се смират страстите...
...немојте да го вклучите телевизорот и не вртете се на другата страна.
Поентата е убавите работи да се направат уште поубави без разлика што планирате понатаму, а многу е веројатно дека планирате сешто.
Миризливите свеќи или етеричните уља ќе намамат насмевка на нејзиното лице, па дури и ако сте одбрале лимони, а таа сака да речеме лаванда, но вие сте се потрудиле – тоа е важно.
Можеби не е ваш обичај, но во случај да е – на време исфрлете ги од спалната соба фотографиите без разлика колку ви се драги. Не станува збор само за одвлекување на вниманието.
Не се знае како таа ќе реагира на сликите од вашето семејство, школските фотографии или домашните миленичиња. Не трба да спомнуваме за фотографиите од бившите девојки, нели.
Секако, проверете дали спалната собе сте ја исчистиле од сентиментални или секси трагови од нејзините претходнички. Ова неспорно звучи многу мачо, но промискуитетот и неврзувањето се компонента на сингл начинот на живеење.
Нема да биде пријатно доколку таа ја стави раката под перница и пронајде црни гаќички кои вашата „бивша“ ги оставила како знак на сеќавање.
Ова важи и за сите останати работи кои евентуално ги пикате под кревет. Дури и секси „литературата“ е поприфатлива од заборавени чорапи, од пред два дена.
На крајот, обрнете внимание на осветлувањето. Дискретното осветлување не е пресудно само за атмосферата, туку е единственото нешто кое не може да биде промашување кога станува збор за нејзиниот вкус.
Тоа е златна средина помеѓу темницата и апсолутната светлина. Неоспорно е дека е многу интимно – баш како и одењето во спалната соба.