Оргазам - спас за сите сетила
Оргазам – врв во сексуалното доживување, му се радуваме, го посакуваме, ако не можеме да го доживееме се загрижуваме и сакаме ова да го поправиме.
Зошто оргазмот е добар за нашето здравје?
1. Ја намалува напнатоста. Чувството после оргазмот може да се опише како блажена состојба. Ова е еден од ретките моменти кога сме потполно опуштени.
2. Помага против несоница. После оргазмот паѓа крвниот притисок, се смируваме и лесно заспиваме. Кај жените ова оди малку побавно, но последиците се слични.
3. Помага против депресија. Кој не би бил среќен со еден оргазам секој ден? При оргазам се лачат расни хормони кои влијаат на подобрување на расположението. Внимавајте само депресијата да не ја совлада вашата желба за секс.
4. Наместо вежбање и помага во слабеење. Доста ви е потење во фитнес центрите, тешко дишење и скапи членарини. Почесто практикувајте секс за добра линија.
5. Ја подобрува циркулацијата. Длабокото дишење и контракциите на мускулите за време на сексот придонесуваат за раздвижување на крвта.
6. Ги ублажува болките. За време на оргазмот се зголемува нивото на хормонот окситоцин кој делува против болки – од главоболка до сите останати посилни болки.
7. Го продолжува животниот век. Британско истражување на 1.000 луѓе дошло до интересни заклучоци: сексот и оргазмот го продолжуваат животот. Оние кои имале секс најмалку два пати во неделата имаат дупло пониска стапка на смртност од оние кои не уживале во сексот. Иако тоа не е клуч за вечен живот, вреди да се проба оваа метода.