Се состанувале, па биле разделени и во брак со други луѓе - 20 години подоцна се венчале
Кога љубовта е вистинска, таа го пронаоѓа својот пат дури и 20 години подоцна.
Алиса и Тим од Орегон се состанувале во средно училиште, но потоа патиштата им се разделиле.
Двајцата биле во брак со други луѓе и од партнерите се развеле во 2016-та година. Откако се разделил од сопругата, Тим почнал да размислува каде е и што прави Алиса, па ѝ пратил порака на Фејсбук.
Неговата средношколска љубов била воодушевена, веднаш излегле и по неколку месеци тие се венчале. Во јули 2016-та направиле свадба, откако претходно биле 20 години разделени.
Тие си биле средношколска љубов и при средбата велат дека чувствата веднаш им се врaтиле, им изгледало природно.
„Продолживме таму каде што сопревме и беше фантастично. Тој беше токму таков каков што го паметев. Беше многу забавна личност и сфатив дека сакам пак да сум со него“, изјави Алиса.
Алиса пред Тим имала два брака, од кои вториот траел само 10 месеци, а Тим еден кој се распаднал по 15 години.
„Кога се венчав со Тим, чувството беше како да се мажам со пријател. Се чувствував сакано и ценето поради тоа што сум. Комфорно ни е кога сме заедно. Како да живеам во бајка, тајмингот е совршен“, вели Алиса.
Фотки од парот:
С. С. | Црнобело