Како е да живеете заедно?
Таа со часови се подготвува за заедничкото излегување, а тој секогаш остава хаос во купатилото... На почетокот воопшто не си ги забележуваат маните...
...потоа тие не ви пречат многу, но како што одминува времето, сè помалку сте подготвени да простите и најмала ситница која претходно не сте ја ни забележувале.
Така тоа оди во заедничкото живеење. Ве излудуваат туѓите грешки и ретко прифаќате објаснувања. Причини за караници има безброј и вашиот заеднички живот лесно може да се претвори во вистинска мала војна, или пекол на бесконечни расправии.
Потребно е само малку толеранција и компромис.
Сепак, прво треба да откриете од каде доаѓа сета таа нетрпеливост и неподготвеност за компромис. Во повеќето случаеви тоа е знак дека помеѓу партнерите постои некое подлабоко незадоволство кое не се во состојба да го искажат на друг начин.
Бесмислените расправии околу тоа кој е на ред да го фрли ѓубрето, или да го прошета домашното милениче, расправиите за вашето одење на фудбалска утакмица, или нејзиното пиење кафе со комшивките само се изговор, некој вид параван, за вистинките проблеми кои ја оптоваруваат врската.
Расправиите поради ситници се издувен вентил за целиот насобран гнев и бес кој се таложи во вас. Затоа добро би било да имате повеќе трпение и да покажете повеќе разбирање за туѓите мани.
Суштината е да бидете попопустливи. Тоа е убав гест кој ги наведува партнерите да бидат повнимателни еден кон друг, да покажат поголемо разбирање за туѓите потреби, потоа сите работи поради кои доаѓало до препирки се претвораат во позитивни чувства.
Без малку трпение и толеранција некои ситуации лесно се претвораат во бурни расправии. Неа ја нервира што ја оставате отворена пастата за заби на работ од лавабото.
Зошто секогаш ја стискате на средина и не ја затворате? Зарем после две години заеднички живот неможете да запомните една толку едноставна работа?