Неверството е незрело (2)
Се случува луѓето при стапување во брак да немаат престава за тоа дека по неколку години, десетина или порано, да посакаат да ја измамат личноста...
...со која се во брачна заедница. Причината можеби лежи во фактот дека луѓето некојпат се помалку зрели, а повеќе занесени со своите сексуални нагони.
Тука постои и друга можност: партнерите се врзуваат и емоционално и сексуално, добиваат деца и потоа сè некако станува монотоно. Добиваат впечаток дека се наоѓаат во своите примарни семејства, кај родителите.
Тогаш, повторно нивната заедница станува толку добра како онаа во детството. Поради тоа чувство - „старото семејство“ тие повеќе не можат да опстанат во брак.
Во денешните околности понекогаш и надмоќта на мажот и еманципацијата на жената се наведуваат какао виновници за неверство. На мажот му е се дозволено по природа на нештата, тие се помалку одговорни, социјално поактивни, повеќе работат, додека жеите повеќе време поминуваат дома.
Бидејќи мажите не се морално совршени, не е редок случај неверството да се случи баш поради тие причини.
Суштински еманципираната жена никогаш нема да си дозволи таков маж, како што ниедна суштински еманципирана жена нема да остане покрај маж за кого знае дека ја измамил. А по раскинувањето, жените се тие кои подобро се „држат“, бидејќи имаат развиена способност да создаваат социјални мрежи и да комуницираат.
Жените, воопшто потешко оставаат, бидејќи природно, биолошки се врзани за заедницата, семејството, додека кај мажот таа врска е послаба.
Првото неверство секогаш е емотивно, кога повеќе не постои емотивен однос со партнерката, кога мажот ја држи во заблуда дека е нејзин, а не е, сето тоа е измама.
Дали толкавиот број на измами праќа предупредување дека луѓето ја изгубиле врската со своите партнери, дека живееме во своите фантазии, каде што некој друг, невидлив, е подобар од личноста која ја имаме покрај себе?