8 секс игри за кога ви е здодевно дома (18+)
Од игра на контрола до ден за голотија, идеи како да ја вратите изгубената сексуална страст.
Кога ќе ви здодее од гледање телевизија, јадење и чистење дома, може да си направите забава со некои секси игри.
Идеи како да се забавувате со партнерот дома:
„Контролирај ме“
Дадете му комплетна контрола на партнерот врз себе и слушајте ги неговите секс „заповеди“.
Се разбира, договорете и збор кој ќе го означува прекинот на играта, ако работите се движат во насока што не ви се допаѓа.
Исполнување на фантазии
Дадете си половина час за да ги запишете вашите најдлабоки секс фантазии што не сте си ги споделиле досега на бели ливчиња. Вашите ставете ги во еден сад, а неговите во друг и потоа наизменично влечете, па ако сте комфорни околу одредена фантазија двајцата исполнете си ја.
За комплетна забава додадете шише вино и запалете свеќи. Најважно во оваа игра е што дури и да не си ги исполните фантазиите, ќе се запознаете на едно поинтимно ниво.
Ден за голотија
Доколку имате услови за ваква игра, тогаш минете комплетно голи цел ден и исполнувајте задачи од секојдневието.
Без разлика дали станува збор за готвење или за садење цвеќиња, бидете голи цело време, ова ќе ја зголеми сексуалната тензија меѓу вас, ќе направи да си ги цените телата и на крај најверојатно ќе заврши со секс.
Карти на соблекување
Без разлика дали ќе биде покер на соблекување или некоја друга игра со карти во која губитникот треба да соблече парче облека од себе, сигурно ќе биде забавно.