Секој пар треба да го прочита ова: Најдобрите 13 совети за бракот, од долгогодишно искуство на брачни парови
Речиси сите парови на почетокот се силно вљубени, врската е исполнета со возбуда и страст. Повеќето од нас навистина немаат никаква идеја што всушност значи да се биде во брачна заедница.
Пар со повеќегодишно брачно искуство ги собирал мудростите со текот на времето и направил список со 13 совети.
Доколку ги примените во вашата врска, може да бидат вистинска пресвртница во вашиот брак или заедница, секако на позитивната страна:
1. Одберете да се сакате еден со друг, дури и во моментите кога е очигледно дека не си се допаѓате еден на друг.
2. Секогаш одговарајте на повикот кога ви ѕвони мажот или жената.
3. Одвојте време кое ќе го поминете заедно, тоа нека ви биде приоритет.
4. Опкружете се со пријатели кои ќе ја зајакнат вашата врска/бракот.
5. Нека смеата биде музика во вашиот брак.
6. Кога сопругот или сопругата ќе ја изневерат вашата доверба, простете им брзо.
7. Бидете трпеливи еден со друг.
8. Моделирајте го бракот на онаков начин, тип на брак каков што сакате да имаат и вашите деца во иднина.
9. Бидете му најголемиот поддржувач на партнерот, а не неговиот најгласен критичар.
10. Никогаш не зборувајте лошо за партнерот, особено не пред другите луѓе, ниту пак искажувајте негативни чувства за нив онлајн.
11. Секогаш носете го венчалниот прстен на раката.
12. Кога треба да бирате помеѓу тоа да не кажете ништо или да му кажете нешто злобно на партнерот, тогаш не велете ништо, секогаш.
13. Никогаш немојте да избрзувате со зборот „развод“.
(О)Милена | Црнобело