Неверството е незрело (1)
Луѓето ги поврзуваат разни работи: сексуалната желба, еротското возбудување, примарнaте привлечност... За тоа не е потребна изградена...
...структура на личност. Мажите и жените сексуално се привлекуваат и на таа основа остваруваат контакти едни со други, а при тоа може да немаат чувство на вредност и уважување на партнерот.
Не го познаваат доволно за да го ценат неговото однесување, неговиот систем на вредности, неговото морално битие и неговото уверување.
Тоа е една од причините поради кои по некое време поминато во врска или брак доаѓа до неверство. Дали некој е повеќе склон кон неверство? Зошто, воопшто доаѓа до неверство?
Тешко е да се одговори на двете прашања. Позрелите личности имаат развиен морал и свој систем на вредности ускладен со системот на социјални вредности.
Тие успеваат да ја раздвојат својата сексуалност од своите вредносни системи и помалку се склони кон неверство. Партнерот го ценат како личност. Тоа во склоп со еротската привлечност, го создава зрелиот однос. Сепак, за тој да се оствари, двата партнера треба да се зрели.
Меѓутоа, повеќето луѓе немаат потполно склопен систем на личност, туку нивната култура и воспитување ги „тераат“ во неверство. Во брак се само затоа што тоа е социјално оправдано. Тоа во некоја вистинска смисла и не е неверство, бидејќи таквите личности немаат вистинско чувство дека воопшто мамат.
Дали неверството може да се спречи? Механички – не.
Оној кој што е свесен што сака, според тоа и го одбира начинот на живот. Резулататот е секојпат ист – колку зрелост ќе вклучите во љубовта, толку и врската ќе ви биде сериозна и цврста.
Доколку на обајцата им е здодевно во заедничката врска, тоа значи дека тие повеќе не се сакаат, или пак се сакаат но имаат нерасчистени работи помеѓу себе за кои не се разговара. Наместо да се бега во неверство, попаметно е да се решат конкретните проблеми.