Мали ситници кои мамат насмевка на лицето на жените и ги усреќуваат
Знаевте ли дека воопшто не е тешко да ја усреќите вашата сакана?
Многу мажи се убедени дека е невозможна мисија да ја насмеат и расположат својата партнерка, но ова не е точно.
Воглавно, жените сакаат да им покажете дека сте овде за нив и дека ги цените, и да им обрнете малку внимание.
Сега веќе немате изговори – Наместо да велите дека се комплицирани, обидете се почесто да ги правите овие работи:
1. Испратете ѝ порака за добра ноќ пред да си легнете.
2. Испратете ѝ порака за добро утро откако ќе станете.
3. Почесто кажувајте ѝ дека е убава.
4. Одвреме-навреме изненадете ја со некој мал, евтин подарок.
5. Осигурете се дека знае дека ви е страв да не ја изгубите.
6. Однесувајте се добро кон неа – и кога сте сами, и кога сте во друштво.
7. Бидете овде кога сте ѝ потребни.
8. Испратете ѝ порака во текот на денот и кажете ѝ дека ви недостасува.
9. Осигурете се дека најважните луѓе во вашиот живот знаат која е таа.
10. Направете ја приоритет, а не опција.
11. Поминете цела вечер само со прегратки.
12. Помогнете ѝ да го облече палтото. Држете ја вратата отворена за неа. Покријте ја ако заспала во дневната.
13. Признајте кога ќе направите грешка и извинете се.
14. Дајте ѝ комплимент за нејзиниот изглед, дури и кога таа смета дека изгледа ужасно.