Изгубени во преводот

izgubeni-vo-prevodot-povekjeМногу пати до сега сме зборувале и пишувале дека мажите и жените размислуваат на различен начин и дека поради тоа доаѓа до недоразбирања.

 

Тоа можеме и да го покажеме на некоклу конкретни примери – што вели таа, што мисли впрочем, а што мисли тој дека таа всушност му рекла.

izgubeni-vo-prevodot-1

Често се спомнува дека мажите го мислат тоа што го кажуваат и само тоа, на пример, ако ја замолат партнерката да им го подаде соларникот, тие не велат дека таа не знае да готви и дека не зготвила по нивен вкус, туку едноставно го бараат соларникот.

Меѓутоа мажите воглавно со време научуваат дека жените не постапуваат на ист начин и дека она што тие ќе го изговорат може да имплицира нешто друго – само проблем е ДА СЕ ПОГОДИ ШТО Е ТОА НЕШТО ДРУГО.

Да речеме, таа вели дека шефот и е грозен и дека имала лош ден на работа. Со тоа сака да каже дека сака малку да се пожали на шефот и на работата и дека сака некој (односно партнерот) да ја ислуша. Она што тој го слуша е дека таа сака да се посоветува како да излезе на крај со шефот.

Познат пример: таа вели дека сака да разговараат, со тоа мисли дека има нешто важно да му каже и дека сака за тоа да зборуваат, а тој мисли дека нешто дебело згрешил и дека таа сака да се кара со него.

Уште еден чест пример: таа му вели дека чевлите не му се сложуваат со каишот и му предлага да облече црни наместо кафени чевли. Таа само сака тој да изгледа подобро, но она што тој го слуша е нешто како „Бебето не умее само да се облече, па ни боите да ги усогласи!“

izgubeni-vo-prevodot-2Таа вели:Жал ми е што имаше лош ден. Веројатно лошо и се чувствуваш“. Со тоа сака да каже дека сочувствува со него. Меѓутоа она што тој го слуша е сожалување и помисла дека е слабак.

Таа го прашува што мисли за некоја девојка, дали е згодна. Она што мисли е „Кажи ми дали убаво изгледам?“. Тој мисли дека се работи за трик прашање, дека е во опасност и дека е најдобро мудро да молчи.

Да не дојде до забуна, нема секогаш да има вакви недоразбирања, ниту пак наведените прашања и коментари ќе имаат исто значење, а и мажите нема секогаш исто да одговорат. Ова беа само некои релативно типични примери во кои вие не мора да се вклопувате, а и да не напоменуваме дека со време разбирањето помеѓу партнерите се продлабочува.

Меѓутоа, додека не дојде до таа фаза и мажите и жените понекогаш се чувствуваат навистина изгубено.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg