12 работи во кои сите верувавме пред првиот секс
Како што ќе ја читате секоја потточка, ќе сфатите дека не сте биле сами. Барем додека не сте го искусиле првиот секс.
Потоа, овие 12 работи пропаднаа во вода:
1. Верувавте дека губењето на невиноста е прекрасна работа, односно веројатно најдоброто искуство кое ќе го имате во животот. Сега сфаќате дека сексот минатата недела беше барем 10 пати подобар од овој чин.
2. Верувавте и се плашевте дека првиот секс ќе биде крвава битка и дека партнерот ќе ве осуди поради тоа.
3. Верувавте и дека дечкото со кој ќе спиете за првпат ќе ви остане маж за цел живот.
4. Верувавте дека сексот во када и генерално во вода е најдобриот секс кој може да го доживеете.
5. Верувавте дека она што го гледате во филмовите за возрасни е дефиниција за добар секс.
6. Верувавте дека само лесни девојки без морал прифаќаат секс на прв состанок.
7. Верувавте дека инфекцијата е крај на свет.
8. Верувавте дека момците можат да имаат секс кога ќе им текне.
9. Верувавте и дека сите жени, без исклучок, се беспрекорно мазни.
10. Верувавте дека секој пат кога ќе имате секс ќе доживувате оргазам до врескање.
11. Верувавте дека секој контакт со семената течност може да заврши со бременост.
12. Верувавте и дека купувањето на презервативи е најсрамното нешто, па ете, го преживеавте.