Лоши навики за подобар секс

losi-naviki-za-podobar-seks-povekjeСите знаеме кои навики се лоши по врската, но немаат сите до толку разорен ефект. Во продолжение дознајте како малите грешки можат да ја подобрат...

 

...вашата врска.

1. Флерт. Не е мал бројот на оние кои сметаат дека и флертот е вид на неверство. Секако, никој не го оспорува фактот дека ова може да биде почеток на неверството, но овде зборуваме за пропатен флерт кој сам по себе не претставува вистинско заведување.

losi-naviki-za-podobar-seks

Флертот ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата и да се потсетите дека се уште сте вредни за внимание и за да предизвикате нечија желба.

Вашата привлечност се зголемува и најверојатно ќе ја однесете дома во кревет кај саканата личност. Понекогаш е добро и партнерот да види дека и со вас некој сака да флертува, а ова може и добро да го продрма.

2. Себичност. Во секој однос е потребно да постои компромис, но тие не треба секогаш да се 50-50. Потполно е бесмислено да погледнете половина фудбалски натпревар за потоа да го видите крајот на некој филм. А тоа важи во сите животни подрачја.

Еднаш едниот нека попушти 100%, а следниот пат другиот. И немојте да го обвинувате партнерот заради неисполнетите желби – исполнете си ги дами. Себичноста ќе ви донесе одредена доза задоволство за себе и својот животен партнер.

3. Расправање. Фрлање чинии на партнерот баш и не е најздраво, но исто така не е здраво избегнување на расправиите. Воопшто нема потреба секогаш да дојде до консензус, но и тоа како е добро да се установи што е проблемот. Каде започнува несогласувањето, и како да ги совладате.

Кога еднаш ќе се согласите од каде доаѓа проблемот, тогаш воопшто нема да ви биде тешко да најдете заедничко решение. Во меѓувреме немојте да се плашите да започнете и малку пожестока расправија затоа што подоцна може да имате позитивни последици, а најслатката е страствениот секс.

Би можело да ве интересира:

„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg