Што не се кажува на мажот? 2
Во претходниот дел се запознавме со првите пет работи кои не треба да им се кажат на мажите. Продолжуваме со останатите пет работи...
6. „Те гледам како пријател“. Во поголем број случаи тоа е лага – всушност сакате да престане да ви се јавува. Тоа е како кога симнувате фластер, подобро е побргу да го симнете и да завршите со тоа.
Може да се случи мажот кому ќе му кажете дека го гледате како пријател да смета дека сеуште има шанси кај вас. И за вас и за него најздраво е ако размислите каков однос сакате (пријателство од сожалување не ги усреќува луѓето) и искрено да му кажете.
7. „Големината не е важна“. Ретко кој маж ќе поверува во тоа. Ако смета дека е во таа категорија ќе се обидува тоа да ви го надомести на сите можни и неможни начини. Дури и да мислите дека големината не е важна, најдобро е тоа прашање воопшто да не го спомнувате.
8. „Да видам што си облекол?!“ Мажите често пати го облекуваат првото чисто нешто што ќе им дојде до рака или пак она што вие сте им го оставиле да го облечат.
Тие не планираат што ќе носат неколку дена однапред, или пак се трудат да изгледаат пристојно за да не засрамат некого. Воглавно немаат ништо против да им дадете до знаење во што сакате да ги видите облечени, доколку се разбира тоа го сторите на убав начин.
9. „Дали мислиш дека таа е убава?“ Она што на некои жени им изгледа како добро парче, на многу мажи нема да им се чини ништо особено и обратно. Тоа не значи дека веднаш би посакале со неа да појдат во кревет, ниту пак за својата девојка ќе имаат полошо мислење од претходно.
Плус на секој маж тоа ќе му звучи како трик прашање или кака изнудување на комплименти. Ако сакате да ви каже дека сте убави, прашајте го дали му се допаѓа како изгледате ( се разбира дека му се допаѓа, инаку не би излегувал со вас).
10. „Дали подобро ми стои ивој или оној фустан?“ Повеќето мажи не сакаат таков избор и многумина, ако инсистирате ќе се определат за она вам што ви се допаѓа. Нему секако сте му убави и не сака жолчна кавга пред излегување. Наместо тоа, сака да излезете и конечно да помине некое време само со вас, без разлика што ќе облечете.