Пет знаци кои покажуваат дека сте зависни од љубов

Нездравата фиксација на оние што ги сакате може да се нарече „љубовна зависност“. Овие луѓе имаат очајна потреба да најдат некој што ќе го сакаат, поттикнати од ирационалниот страв дека ќе останат сами или ќе бидат одбиени.

Pet indikatori deka ste zavisni od ljubov 01

Помеѓу три и десет проценти од луѓето доживуваат некаква форма на патолошка љубов. Овие луѓе обично покажуваат јасни знаци на зависност од партнерот.

Ова се петте знаци кои покажуваат дека сте зависни од љубов:

Загрижени сте дека партнерот ќе ве остави

Сите љубовници се плашат дека партнерот ќе ги остави. Дури и кога зависникот од љубов е во врска со некој кој е исто така опседнат, ниту едниот ниту другиот партнер немаат доверба еден во друг.

Не можете да престанете да размислувате за другата личност - до опсесивно ниво

Зависниците од љубов ќе се фокусираат само на личноста од којашто се зависни, така што ова може да прерасне во опасно однесување. Многу насилни мажи се зависници од љубов со ментално нарушување.

Вашиот партнер е единственото нешто поради која се чувствувате добро во животот

Кога некој е зависен од љубов, целата самодоверба што ја има, позитивноста, па дури и целта во животот, лежи во личноста од која зависи.

Овој вид врска обично се појавува кога едната страна не е во состојба да биде самостојна или да се грижи за себе, станувајќи делумно или целосно зависна од својот партнер.

Pet indikatori deka ste zavisni od ljubov 02

Верувате дека вашиот партнер е единствената работа за која вреди да се живее

Еден од темелите на љубовната зависност е зависноста од партнерот. Раскинувањето со него може да изгледа како невозможна мисија, нешто што никогаш нема да можете да го направите.

Оваа зависност е слична како потребата за дрога. Лицето знае дека неговиот однос со партнерот е лош, но не може да замине, затоа што смета дека животот без него нема да има премногу смисла.

Зависноста се протега низ сите партнерства

Дури и кога ќе се разделат од некој од кој биле зависни, овие луѓе обично многу брзо наоѓаат нов партнер.

Кога ќе станете свесни за овие работи, тоа ќе биде првиот чекор за да ставите крај на вашата зависност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg